„Чест е што имаме најмногу случаи на коронавирус во Светот“, кажа Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека бројката на најмногу потврдени случаи на коронавирус во Светот која ја имаат САД, е чест, и на тоа гледа со респект.

„Гледам на тоа со одреден респект, како нешто добро. Тоа е потврда дека ние имаме подобри тестирања од останатите“, рече Трамп.

САД досега има 1,5 милиони случаи на Ковид-19, а починати се 92.000 лица. На второто место по заразени е Русија со 300.000 случаи.

„Имаме најмногу случаи затоа што правиме најмногу тестови. Тоа е добра работа, и кажува дека нашите тестирања се подобри. Тоа е еден вид чест“, рече Трамп.