Имаше многу жалби во јавноста дека се чека по неколку дена за тестирање, ова се случува поради тоа што матичните лекари не можат да закажат на „Мој термин“.
Матичната лекарка на „Медиарс“ Сефјан Ферати, вели дека тестирањето не може да се закаже од денеска за денеска, туку по четири дена. На пример таа вчера имала случај да му закаже на пациент тестирање во понеделник.
„Се прави крвна слика. Кај крвната слика излегува различна формула на леукоцитите, како високи лимфоцити, високи моноцити, или леукоцитите се ниски, значи кај нив се појавува леукопенија, тогаш тие пациенти ги третираме 7 дена“, истакна Сефјан Ферати.
Доколку се појават симптоми, тогаш се закажува термин за тестирање. Таа исто така објаснува дека не треба да се тестираат само лицата кои имале контакт со заразени со Ковид-19, бидејќи во случај да се асимптоматични, треба да се лекува со витаминоза.
Причини за тестирањето по четири дена се недостигот на екипи или зголемувањето на потребата за тестирањата? Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, вели дека зголемен е бројот на екипи, но исто така и барањето на граѓаните, а термините се тие и не можат да се променат.
„Имаме и дополнителни екипи кои одат по домовите бидејќи имаме лица во изолација и се тестираат и семејствата. Меѓутоа поради зголемениот број на лица, особено во Скопје, се случива некаде да има застој“, посочи Арбен Зибери.
Во Скопје за тестирање се чека и до 4 дена, ако има случаи со симптоми, скопјани се тестираат и во центрите надвор од Скопје. На пример вчера во Здравствениот центар во Куманово се тестирале 8 скопјани, рече директорот Ариф Лимани.
„На пример вчера имавме 9 тестирања на пациенти од Скопје а денеска имаме 5 од Скопје и тројца од Крива Паланка“, посочи Ариф Лимани.
Термини во текот на денот за тестирања не се прават ниту во Тетово, вели матичниот лекар Лиридон Диша, но од Здравствениот центар таму не сакаа да дадат изјава за ТВ21 иако ги прашавме неколку пати. Како во Куманово и во Охрид има слободни термини. Епидемиологот Јованка Коровешовска од Охрид рече дека имаат слободни капацитети иако овој центар ја покрива и Струга.
Инаку потребата од тестирање доаѓа како резултат на вториот бран на Ковид-19 кој ја зафати земјава.
