Четири месеци се чека за контрола на кардиолог – Ѓеорѓиевски: За 10 години ќе останеме без матични лекари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недостигот од матични лекари продолжува да се зголемува. Во неколку општини во државата како Дојран и Чашка воопшто и нема матичен лекар. Доколку продолжи овој тренд на заминувањето на медицинските работници од рржавата и овакво функционирање на примарната медицина, за 5 до 10 години нема да имаме воопшто матични лекари. Ова денес го изјави Доктор Драган Ѓеорѓиевски, претседател на општите лекари, во врска со дефицитот на медицински кадар.

Друг проблем со кој се соочуваат и матичните лекари е закажување на термини во системот „Мој Термин“. За една контрола на кардиолог или уролог пациентите чекаат од 3 до 4 месеци, вели Ѓорѓиевски.

Матичните лекари и специјалистите по општа медицина треба да имаат повеќе компетенции, сметаа докторот по општа медицина. Меѓудругото, тој рече дека не се исклучува и можноста за повторно организирање на штрајк од страна на матичните лекари, поради тоа што досега не се преземал ниту еден чекор од страна на Министерството за здравство во врска со нивните барања. Инаку, денеска се обележа меѓународниот ден на семејните лекари.