Четврти ден расправа за ребалансот – гласањето за измените на буџетот треба да биде до утре пред полноќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ребалансот на Буџетот е четврти ден на расправа пред пратениците од кој зависи реализацијата на четвртиот пакет мерки за справување со кризата од Ковид 19.

И во денешната расправа продолжија меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата, кој е втор во годинава.

Опозицијата со обвинувања дека власта не менаџира добро со здравствената криза и оти пакетот мерки нема да ги даде очекуваните резултати, а обвини и дека јавниот долг е сериозно покачен.

Пратениците од владејачкото мнозинство бараат опозицијата да ги поддржи измените на Буџетот со кои, како што велат ќе се помогне на граѓаните и фирмите полесно да се справуваат со кризата.

Расправата на Ребалансот може да трае до утре на полноќ кога ќе треба да се гласа.