Четврти ден рекорд на новозаразени во Чешка, денеска 3.300 повеќе од вчера

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во Чешка пријавени се 8.618 заразени лица со новиот коронавирус, што е за околу 3.300 новозаболени во споредба со претходниот ден.

Тоа е четврти ден по ред на рекордни бројки на новозаразени лица со Ковид-19. Во Чешка вкупно од последици од новиот коронавирус починаа 905 луѓе.

Од понеделникот сите театри, кина, музеи, галерии и спортски манифестации се затворени на две недели со цел да се спречи ширењето на заразата.

Владата на премиерот Андреј Бабиш не ја исклучува можноста за воведување на целосен карантин,иако чешкиот претседател Милош Земан претходно изјави дека чешката економија не може да поднесе уште еден карантин.