Чини или не проектот „Бас Рапид Транспорт“? – Продолжуваат обвинувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат обвинувањата меѓу СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за стопирањето на проектот Бас Рапид Транспорт  од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ  со повторување на ставот  дека транспортот  со Бас Рапид не е соодветен за Скопје и дека амортизацијата  во планирањето би го загрозило снабдувањето на градот со вода.

„Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека за разлика од времето на Шилегов, со новата градска администрација, Скопје ќе добие поефикасен јавен транспорт.