Со константното зголемување на населението на град Скопје растат и предизвиците и обврските на градските институции посебно во делот на одржување на патната инфраструктура и чистотата на градот.
Градот се простира на површина од 1.818 км2, во широчина 9 км (Водно – Радишани) и во должина 23 км „Драчево – Ѓорче Петров“.
Според некои податоци населението на градот Скопје ја надминува бројката од 800 илјади жители. Паралелно со растот на населението расте и бројот на превозни средства кој според статистиките ја надминува бројката од 170 илјади регистрирани превозни средства.
Имајќи го во предвид и бројот на превозни средства од другите градови на државата а и надвор од неа што на дневна база циркулираат низ и во градот може да се заклучи дека метрополата се соочува со сериозен сообраќаен метеж и оттука предизвиците на институциите посебно во одржување на чистотата на патната инфраструктура се сериозни, посебно кога се соочуваме со лоши временски услови.
Во продолжение низ репортажата на ТВ21 погледнете како градските власти се справуваат со овие предизвици:
