Отворен е електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата за 2027 година. Конкурсите ќе бидат отворени до 30 октомври, до 15:30 часот.
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, рече дека цел на конкурсите е да се поддржат проекти кои имаат квалитет, визија и потенцијал за создавање долгорочна вредност.
Во фокус ќе бидат и проектите кои придонесуваат за културниот развој преку институционална соработка, регионална распространетост и меѓународна афирмација, како и проектите кои ќе се реализираат во пограничните подрачја.
Аплицирањето за сите области се врши исклучиво онлајн, преку Националниот портал за електронски услуги, на uslugi.gov.mk. Апликациите во печатена форма или по пошта нема да бидат разгледувани.
