Чун Лајчи во Кичево ја промовираше својата нова книга – „Нека видат политичарите дека со наша плата не се живее“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актерот и писател Чун Лајчи својата нова книга „Копилани“ (Копиле) избра да ја промовира во Кичево. Но, не беше вообичаена промоција, туку седна на улица и истата им ја продаваше на читателите. За разлика од другите писатели, Лајчи оди низ градови и сам ги промовира своите книги преку средби и разговори со разни луѓе.

Тој избра своето дело да го презентира на овој начин во знак на револт за погрешните политики со кои се третираат уметниците.

Како што вели Лајчи, не може да се живее со плата на уметник или писател. Според него, малку се на број уметниците кои можеле да живеат од книгата. Единствен беше писателот Исмаил Кадаре, додава тој.

Лајчи вели дека задоцнил со доаѓањето во Кичево, бидејќи има помалку печалбари, што пак се одразило врз намалување на куповната моќ. Тој има целосно разбирање за граѓаните кои не купуваат, бидејќи, како што вели, и тие живеат со „бедни плати“. Лајчи открива дека досега само тројца политичари купиле негови книги кои ги донирале во училишните библиотеки и тоа: Ерион Велиај во Тирана, Фатмир Дехари во Кичево и Хекуран Дука во Дебар.