Д-р Мехмедовиќ: Апсолутно ништо не ми значат титулите кои што стојат пред името

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 гостуваше доктор Злате Мехмедовиќ.

Со него разговаравме на многу теми, а ни откри и дека сега апсолутно ништо не му значат титулите кои стојат пред името.

„Мислам дека веќе сум во години кога отрпнав на титулите, апсолутно ништо не ми значат. Веројатно кога сте помлад, ви значи кога ќе ви кажат „Докторе“, се сеќавам првиот пат кога ќе завршите на Медицински факултет и кога ќе ви кажат Докторе, тоа некако ве импонира“, вели докторот.