Во Тетово се протестираше против војната во Газа, Палестина. Стотици граѓани го изразија нивниот револт од убиствата од борбите меѓу Израел и Хамас. Организаторите побараа да се запре насилството врз децата и цивилното население, каде за само 20 дена беа убиени над 2600 деца.
Протестот е за институционалниот терор кој се врши врз народот на Газа. Над 6 илјади жртви, од нив 2600 убиени деца. Тие не се починати, туку се убиени, бидејќи тие не починале поради воздухот што го дишат а авторот на тоа има име и е познат за сите нас.
Ова не е војна туку геноцид врз невини луѓе, да беше војна ќе излегоа еден спроти друг и ќе војуваа, туку на кукавички начин убиваат деца, стари лица, тоа е геноцид.
Излегов со голема болка за палестинскиот народ, за тоа што се случува во Палестина. Тоа е злосторство кое не е повторено од втората светска војна, затоа излеговме за да ја искажеме нашата поддршка и да изразиле сочувство како родители, за тоа што се случува таму.
Луѓето треба да молчат кога децата спијат а не кога тие се убиваат. Денеска пред очите на светот Израелската држава врши злосторство против човештвото, безмилосно бомбардирајќи болници, цркви и џамии.
Протестот траеше околу еден час, а организаторите велат дека целта е да не се молчи за убиството на децата и цивилите.
