„Да се бориш цел живот, уште од детството“: Потресна приказна на Мирсада Ќатовиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во емисијата на ТВ21, „И јас сум тука“, ја пренесуваме потресната приказна на Мирсада Ќатовиќ која живее од социјална помош, со која вели само струјата и водата може да ги плати а лековите не може да ги купи.

-Живеам во мизерни услови. Колку што можам штедам на струја. Некој хуманитарен ќе ми донесе да јадам. За алишта не гледам толку многу што имам тоа носам. Сама останав да живеам. Додека беа живи моите добро беше. Татко ми почина во 2020 година, а мајка ми во 2013 година. Јас сум имала тежок живот. Што можам да направам со социјално, не можеш да купиш ни едно парче месо, сметките си ги плаќам, лековите не можам да си ги купам. Идам молам па ако имам ќе платам, така се живее во оваа наша Македонија, вели Мирсада.

Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат и се во можност можат тоа да го сторат на следниот број: 071 331-353