Дали албанската опозиција ќе има член во ДИК? Меџити: АА треба да го ослободи местото

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанската опозиција ги започнала постапките за избор на член во ДИК. Лидерот на ДД, Изет Меџити, вели дека имаат тројца кандидати и деновиве ќе предложат еден од нив. Единствениот проблем според Меџити е тоа што АА треба да го ослободи местото, бидејќи истата веќе е дел од власта. Доколку тоа не се случи, тогаш според претседателот на ДД, тоа претставува тенденција за злоупотреби на следните избори.

ТВ21: А како тоа ќе го решите со ДИК?
Меџити: Го решивме.
ТВ21: Кога?
Меџити: Треба АА да го ослободи местото.
ТВ21: Дали очекувате АА навистина да го ослободи местото?
Меџити: Не, но има постапки а и аргументи бидејќи таква е функцијата на ДИК, за да има рамнотежа на силите да се бориме со аргументи…бидејќи ќе претставува тенденција за злоупотреби на следните избори, доколку не го ослободат местото. Не сакат сами да се пријават и како власт и како опозиција, јас во тоа гледам само злоупотреба на следните избори.

Во ДИК, ДУИ и АА имаат претставници како најголеми албански политички партии, но сега тие се дел од Владата. ТВ21 достави прашање до АА дали ќе им го ослободат местото на опозицискиот блок, но од таму без да навлегуваат во детали кратко ни одговорија.

„На членот на АА во ДИК му престана мандатот од моментот кога Собранието го избра за министер за правда.“, велат од Министерството за правда.

Изборниот законик предвидува ротација на членовите доколку дојде до промена на партиите на власта и опозицијата. Останува претседателот на Собранието да распише конкурс и да бара член од таа партија.