Дали Алтернатива е во Влада? Се уште има директори на функција, нешто што ниту Заев не го знае

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Во јавните институции се уште има директори уште од времето кога Алтернатива беше дел од Владата. Дритон Сулејмани и натаму е директор на Природо-научниот музеј во Скопје. Насер Цури и натаму раководи со Вардар Филм, а Њомза Имери Исмаили се уште е директорка на Библиотеката во Тетово. Тројцата се дел од Генералното собрание на Алтернатива.

Арјан Асланај не учествува во високите партиски органи но од Алтернатива е поставен за директор на музејот “Мајка Тереза“ во Скопје и продолжува да ја врши оваа функција.

Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи вели дека тие не се директори кои се поставени со политички договори туку се избрани на конкурс од Министерството за култура. Додава дека остануваат таму бидејќи нивната работа е под надзор.

„Ние порано би побарале тиe да се повлечат, но се пријавија разни инспекции за да им бараат отчет или за да најдат недостатоци во работата, додека не завршат, тие ќе останат. Во моментот кога ќе завршат инспекциите тогаш несомнено ќе заземеме партиски став иако се со мандат и не се партиски директори.“, рече Реџепи.

Во врска со ова го прашавме премиерот Зоран Заев, но тој не знаеше дека се уште има директори на јавни институции од Алтернатива.

„Не знам јас каде има се уште директори поставени од Алтернатива.
Ова неповлекување на директорите кои се дел од партијата на Африм Гаши, е прилика за зголемување на сомнежите во врска со гласините во последно време дека од социјалдемократите има желба за проширување на владата, вклучувајќи ја и Алтернатива.“, рече Заев.

За ова, премиерот Заев за ТВ21 рече дека “во политиката секогаш е можно проширување на коалициите, но сега за сега нема такви разговори“. Генералниот секретар на Алтернатива, вели дека овие вести се спинови на провладините портали кои сакаат да го зголемат мнозинството. Во случај на таков предлог, Реџепи додава дека секоја одлука ќе се донесе со коалициониот партнер Алијанса за Албанците.