Во моменти кога концесиите за рудниците Иловица и Штука се споија и требаше да почнат со работа, граѓаните се спротивставија со протести. Против отворањето на рудниците беа и министерките Тренчевска и Шукова кои се придружија на протестот викендов во Струмица.
Во меѓувреме министерот за економија Крешник Бектеши е задолжен од владата на следната седница до вторник, да изнесе детални информации за сите судски одлуки и постапки за давање на концесиите за рудниците Иловица и Штука.
Министрите Спасовски и Шукова кои се од редовите на СДСМ, за спојувањето на концесиите за двата рудника, претходно изјавија дека немале детални сознанија за предметот и дека се базирале на тоа што го кажал Бектеши. Но што ќе преземе владиниот кабинет доколку се утврди дека Бектеши прикривал информации?
Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е зачуден зошто до сега никој од владата не побарал да се повлече тој договор со оглед на тоа дека се измамени.
Инаку во однос на рудниците, од ВМРО-ДПМНЕ вчера открија нови детали. Според нив, компанијата која требало да менаџира со нив, е компанија на семејството Дестани од Тетово, која тие ја сметаат за блиска на ДУИ.
