„Дали дедото на Филипче бил во Занзибар и дали е во карантин?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Венко Филипче, дали е вистина дека неговиот дедо бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој и дали потоа заминал во карантин.

„Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од африкански сој на КОВИД 19 и дали е во карантин?
Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо д-р. Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на КОВИД 19 и дали после тоа отишол
во карантин?!

Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на КОВИД 19, исто како што беше Цаца Билјановска?

Додека народот се мачи со КОВИД, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации.

Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.