Дали е ова причината за трагичната авионска несреќа во Индија? Црната кутија открила неверојатен пропуст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Механички дефект на седиштето на пилотот, би можела да биде причината за несреќата на авионот Боинг 878 на Ер Индија, на летот АИ-171. Ова го покажуваат првичните наоди од прелиминарниот извештај што го подготвува Одделот за истрага на воздушни несреќи, објави грчки „Прототема“.

Во авионската несреќа загинаа повеќе од 270 лица, откако авионот се урна веднаш по полетувањето во студентски центар, во кој биле сместени студенти по медицина.

Се очекува целиот извештај да биде објавен во наредните денови, а дел од извештајот е дистрибуиран интерно до истражните органи во други земји, кои побарале информации за можни слични инциденти што не резултирале со несреќа.

Авионте на Ер Индија од истиот тип се веќе приземјени и се проверуваат.

Според извештајот, додека авионот бил во фаза на полетување, седиштетот на пилотот одеднаш се лизнало наназад поради дефект на механизмот за заклучување на шината. Тежината на пилотот ненамерно ги повлекла рачките за потисок во положба на мирување, предизвикувајќи нагло намалување на моќноста.

Копилотот се обидел да го врати потисокот во полн режим, но не можел да го надмине притисокот на телото на пилотот.

Корелацијата на податоците од снимачот на податоци за летот (FDR) и снимачот на гласови во пилотската кабина (CVR) го снимила следново:

+12 с: Ротацијата започнува. Седиштето на пилотот нагло се поместува наназад.

+15 с: Лостовите за потисок се повлекуваат. Копилотот вика: „Потисокот се намалува!“

+18 с: Капетанот извикува: „Мојата позиција!“ Се слушаат звуци на борба.

+26 с: Копилотот се обидува да го врати потисокот. Авионот достигнува висина од 214 стапки и ја губи висината.

+38 с: Удар.

Според истиот извор, седиштето на пилотот било сервисирано 11 дена пред несреќата поради „вкочанетост при прилагодување“.