Дали Филипче вчера требаше да отиде на лидерската среда? Одговара Спасовски во ClickPlus!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вечерашното емитување на „Клик Плус“ на ТВ21, пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, коментираше за вчерашната лидерска средба и отсуството на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Спасовски оцени дека средбата имала повеќе ПР ефект отколку суштински резултати: „Ако ги погледнеме резултатите од лидерската средба, можеме да констатираме дека тоа беше исклучителен ПР ефект за мнозинството. Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер направи правилна одлука, која требаше да биде донесена од опозицијата“, рече тој.

Тој додаде дека состанокот не ги опфатил најважните прашања за граѓаните, туку се фокусирал на „периферни теми“ како изборите, изборниот закон, техничката влада, изборот на бранителите на народните права и законот за криминалците. Спасовски нагласи дека овие теми можат да се дискутираат во рамките на парламентот и пратеничките групи, без потреба од широка лидерска средба.

„Беше многу очекувано лидерската средба да се одржи со сите парламентарни партии и потоа отворено да се разговара за реформската агенда, за унапредување на институциите и зајакнување на довербата на граѓаните во системот. Требаше да имаме вистински дијалог за реформите, институционалните промени и европскиот пат на државата“, додаде Спасовски.

Спасовски заклучи дека, според него, резултатот од вчерашниот состанок е минимален: „Заклучокот од таква четирипартитна или петпартитна средба е никаков.“