Дали кандидирањето на градоначалник за Општина Тетово од страна на СДСМ беше во координација со коалициските партнери ДУИ и Беса?
На ова прашање одговори вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
„Апсолутно“ кратко посочи Николовски.
Тој вели дека тие постигнале длабински и темелен договор со ДУИ уште во минатиот август.
„Ние начелно се договоривме дали во првиот или во другиот круг, во било кои изборни единици или во било кои општини, знаеме дека се седиштата на сите овие големи партии. Демократски отворено, и транспарентно е сите да имаме кандидати“, додаде Николовски.
