Дали ќе има одговорност за Димитриевски? Се тестираше и не ги извести функционерите кои беа во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Здравствениот инспекторат започна вонреден инспекциски надзор во Куманово за да истражи дали имало пропусти и дали се почитувани епидемиолошките правила при средбата со владините функционери и Кризниот штаб во Куманово.

Припадници на истиот, вклучувајќи го и градоначалникот на Куманово испаднале позитивни на Ковид-19. Тоа се дозна на 16 април а ден пред тоа на посета беа и владини функционери на чело со премиерот Спасовски, кој за ТВ21 рече дека никој не им кажал дека во штабот во Куманово се правеле тестирања, инаку не би одел таму.

И министерот за здравство Венко Филипче тврди дека не знаел дека членовите на Штабот на Куманово се тестирале за Ковид-19, исто така додаде дека опасноста е мала тој да биде инфициран.

Во текот на денот, ТВ21 се обиде да добие одговор од градоначалникот на Куманово, максим Димитриевски зошто не ги информирал владините службеници дека во Кризниот штаб во Куманово се тестирале поради сомнеж за коронавирус и дали Димитриевски ќе понесе одговорност за ваквата неодговорност?

Откако прифати да одговори и не остави да чекаме неколку часа, на крај градоначалникот на Куманово ни рече дека има многу работа и не може да ни одговори, а како одговор ни сугерираше да го земеме извештајот што денеска го извади општината а кој всушност нема одговор за ниту едно од нашите прашања.