Дали ќе има преиспитување на судскиот процес со А1 телевизија? Зборува министерот за правда, Маричиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатата недела во јавноста одекнаа нови бомби кои ја потврдија политичката позадина на случајот со затворањето на А1 телевизија.

Овој случај е само еден од многуте за кои постои сомнеж дека се случија како резултат на политички интерес на тогашната влада предводена од Никола Груевскки.

За тоа дали ќе има преиспитување на судскиот процес со некогашната А1 телевизија, министерот за правда Бојан Маричиќ за „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека во судството ќе се направат потребни реформи за зголемување на интегритетот, одговорноста и ефикасноста на судиите и обвинителите.

„Токму затоа, поради ниската доверба и изразените сомнежи во квалитетот на судските пресуди изнесени во меѓународните извештаи, паралелно во правосудството ќе се спроведат реформи за зголемување на интегритетот, одговорноста и ефикасноста на судиите и обвинителите“, посочи Маричиќ.