Дали ќе поскапи електричната енергија за 20%? – „Да се ослободат капацитетите, не се откажуваме од нашите барања“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку Бугарија не ги ослободи капацитетите за снабдување со гас, со новата воведена такса, цената на електричната енергија и парното ќе поскапи за 20%, најави премиерот Димитар Ковачевски кој додаде дека за ова реагирала и ЕУ, а истакна дека нема да престанат да бараат укинување на таксата и ослободување на капацитетите.

Зборувајќи за ова прашање, пред неколку дена министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе се бара отштета во случај да не се ослободат снабдувачките капацитети.

Инаку, според предвидувањата на министерот Бектеши, оваа зима ќе биде потешка од минатата во областа на енергијата, независно од новиот конфликт на Средниот Исток кој предизвика поскапување на цената на електричната енергија и воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на еден киловат час природен руски гас преку бугарскиот гасовод.