Дали ќе се забрани тик-ток во Македонија?! Граѓаните бараат, но дали ќе го оствари политиката?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Итно треба да се блокира бидејќи полудеа младите а и повозрасните. Да беше за добро, немаше да ја користиме!

-Ова е многу добра одлука!

-Итно! Подобра подоцна отколку никогаш.

-Не! Порано бараа по улиците, сега на ТикТок. Ќе им го земете лебот!

-Јас не сум за да се забрани ТикТок бидејќи немаше да знаеме колкав е бројот на будали поинаку!

Ова се само некои од коментарите од фотовеста што ТВ21 ја објави со прашањето дали граѓаните се за или против забраната на ТикТок во Северна Македонија. Имаше над илјада коментари, а повеќето се за затворање на апликацијата ТикТок. Некои од коментарите се однесува и на другите негативни ефекти кои излегле на површина од употребата на оваа апликација.

Но колку ова може да стане реалност? Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу за ТВ21 рече дека забраната на ТикТок претставува сложена одлука која треба да се базира на многу фактори. Додава дека ТикТок исто така е под надзор поради загриженоста на пристапот на кинеската влада до податоците на корисниците на оваа апликација.

-Целосната забрана на ТикТок може да не биде решение за ова прашање, корисниците е уште можат да бидат во состојба да имаат пристап до платформата преку ВПН или други средства. На крајот на краиштата, одлуката дали ќе се забрани ТикТок треба да се базира на внимателна проценка на опасностите и можните придобивки и треба да вклучува податоци од соодветните заинтересирани страни, вклучително креаторите на политики,технолошки компании и корисниците-рече Алиу.

Наместо целосна забрана, Алиу вели дека поефективно може да биде уредувањето и мониторирањето на платформата за да се обезбеди заштита на податоците на корисниците од злоупотреба. Според него ова може да биде корисно во спречување на секаква злоупотреба на платформата.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на на неговиот Фејсбук напиша дека ќе и предложи на Владата и безбедносните органи, итна проценка на состојбата и безбедносните ризици, кои во голеа мерка се храната од некои социјални мрежи како ТикТок.

-Имајќи предвид дека тие не треба да се користат во училиштата, МОН веќе изработува протоколи и упатства за професионалните услуги на училиштата и наставниците, со цел на се минимизираат ризиците, а нивната употреба треба да се ограничи или целосно да се оневозможи-изјави Шаќири.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова најави дека ќе и предложи на Владата забрана на ТикТок и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство.

Дебата за забрана на ТикТок се одвива и во Косово, а многу земји, меѓу кои и САД и Канада, ја забранија употребата на оваа апликација на владините уреди, поради дилемите дека ТикТок може да сподели податоци на корисниците со Кинеската влада.

Во 2021 ТикТок е објавена како најсимнувана апликација во светот, која ја користат од сите возрасти, но главна мета се младите.