Имате многу работа за да сработите – рече амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, зборувајќи за членството на земјата во ЕУ. Истакна дека клучна точка е корупцијата која претставува голема закана за патот кон ЕУ.
„Анкетите покажуваат дека државјаните на Северна Македонија сакаат ЕУ да ги сака нив, но кои се главните проблеми во сиромашна држава? Животниот стандард, корупција и криминалот, би сакала да го истакнам тоа што сите го знаеме, корупцијата е штетна за општеството, дури ја слабее демократијата, ја поткопува довербата во институциите. Од ова произлегува дека се соочуваме со корупција. Владеењето на правото треба да се почитува доколку сакате да бидете дел од ЕУ“, вели Ами Ларсон Јаин.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, вели дека време е да се зборува отворено. Според него, треба силно да работиме од денес за во 2030 да станеме членка на ЕУ.
Оваа дебата се водеше во рамите на „Патот кон 2030“ за членство на Македонија во ЕУ. Присуствуваа и претставници од разни европски земји, а како проблеми беа посочени лажните вести во нашата земја, заминувањето на младите и подобра перспектива за младите.
