Дали навистина треба да направиме 10 000 чекори дневно за да бидеме здрави?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пешачењето е повеќекратно корисна активност. Не само што го подобрува нашето здравје, туку и не прави среќни личности.

Меѓутоа она што ги интересира луѓето, колку треба дневно да пешачиме за да има ефект? Најчесто се споменвуа бројка од 10 илјади чекори дневно, но дали тоа е навистина така?

Верувале или не, идејата дека е неопходно да направите 10 илјади чекор дневно за да останете здрави, потекнува од јапанскиот прозиводител на педиметри „Манпо-кие“ уште од далечната 1965 година. Неговото име може да се преведе како „бројач 10.000 чекори“.

Традицијата ја продолжила и компанијата „ФитБит“ која исто така во своите производи вовела стандард од 10 илјади чекор дневно за сите кои сакаат да бидат во форма.

Бројните истражувања откриле дека освен што кај некои луѓе може да го смали ризикот на кардиваскуларни заболувања, за голем број на лица дневната норма од 10 илјади чекор не нуди некои дополнителни бенефиции во однос, на пример, 5.000 направени чекори. Оваа норма од 10 илјади е и тешко изводлива, затоа што голем дел од луѓето немаат доволно време толку да пешачат во текот на денот.

Др. Ли, професор на медицина на Харвард, смета дека поради сопственото здравје, треба да направиме барем 4.400 чекори дневно.