Граѓаните не паметат полоша состојба во Македонија од оваа сега. Граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 велат дека економската криза, поскапувањето на храната, струјата и горивата, секој ден го прават животот потежок. Се чини дека сега и довербата во судството се изгуби сосема, а младите ја напуштаат земјата заради подобар живот.
„Без праведно функционирање на судството, не може да се подобри ништо. Имало кризи, но ситуацијата не била ваква, бидејќи државата била таква кога имало криза за сите, и можело да се справи некако, се справувала. Но сега сите си заминаа надвор, немаме млади тука. Кој ќе гласа, кој ќе ја држи оваа држава?“
„Не, никогаш, но мислиме дека ќе биде подобро“.
„Ќе биде полошо, а подобро, не. Вака како што е, полошо ќе биде, подобро, не. Нема, сите си си заминаа надвор“.
Песимизмот дека ќе биде подобро во државава, постојано расте, а тоа влијаие младите да ја напуштаат државата. Тие секојдневно аплицираат за визи во амбасадите. Инаку на почетокот од новата година се најавува и поскапување на струјата.
