Дали вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ќе оди со службено возило во изборната кампања?
„Тоа не се случило, меѓутоа тоа беше пракса која ја видовме во претходните 10 години“, порача Николовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој додава дека во членот 2 и членот 5 од одлуката која е во владина процедура, и треба да се донесе во вторник на седница, се предвидува дека службените возила нема да можат да користат за приватни потреби.
„Во политиката не се влегува поради моќ и позиции, туку заради плата и да им служиме на граѓаните“, вели Николовски.
