Дали пензијата е доволна? Ковачевски: Работиме на методологија за одржлив раст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на електричната енергија и на прехранбените производи се зголеми, а пензиите останаа исти. Пензионерите се жалаат бидејќи, како што велат, пола пензија им оди за лекови и другата половина за сметките за струја. Но колку треба да се зголемат пензиите според нив?

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска зборуваше за покачувањето на пензиите. Вели дека во моментов се работи на анализи кои потоа треба да се презентираат.

Веднаш со реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека премиерот треба да биде со народот а не против народот, и бараат пратениците на СДСМ да поддржат покачување на пензиите.

„Ковачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите, а тој наместо наспроти народот да биде со народот. Очекуваме пратениците на СДСМ да поддржат покачување на пензиите кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пред неколку дена се зголеми минималната плата на 18 илјади денари. Од Влада велат дека е усвоена и новата методологија која гарантира одржлив раст на минималецот со цел зголемувањето на продуктивноста на работа. Исто така останатите плати ќе се усогласат со со растот на минималецот.