Дали трговците здружено ги зголемуваат цените? За да се провери, Битиќи ќе поднесе претставка до КЗК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од јуни имаме континуиран пораст на цените на овошјето и зеленчукот, но и на прехранбените производи. Бидејќи замрзнувањето на цените беше укинато во текот на летото, можете да најдете неверојатни цени на маркетите и пазарите. Иако граѓаните се жалат, цените по се изгледа не паѓаат. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, предупреди дека од следната недела ќе побара да излезат на терен и да ги контролираат цените во сите сектори.

„Не можеме да дозволиме на сметка на производителите, на сметка на граѓаните, најголем профит да имаат последните што ги продаваат производите, знаеме дека во пазарната економија сите работат на профит. Реакции имаше и од нашите противници дека компаниите не треба да работат на профит бидејќи има висока инфлација, но за оние кои постојано седат во канцеларии, јас сум бил во бизнис секторот и знам дека работите за профит бидејќи тоа значи живот. не на сметка на граѓаните и работниците кои секој ден со мака сакаат да живеат подобро“, изјави Битиќи.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, иако неколкупати беше прашан, не претпочита да одговори за новите цени , туку зборуваше за средствата од ИПАРД кои им се даваат на земјоделците.

„Програмите на Министерството за земјоделство не се однесуваат на цените на производите на пазарите туку на поддршката на земјоделците и нивното производство. Новиот модел на субвенционирање беше токму поврзан со поддршката и дека земјоделските површини се обработуваат и стабилизираат и се зголемува локалното производство.“, вели Николовски.

Зголемувањето на цените предизвика потрошувачката кошничка да надмине 50.000 денари, состојба која е загрижувачка во однос на месечните плати што ги добиваат граѓаните . Битиќи посочи дека земјава е се уште увозно зависна, но дека домашното производство на храна е зголемено во однос на 2016 година.