Дали целосно ќе се укинат игрите на среќа? Преписка меѓу Хисени и Зеќири во Дејли Клик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судбината на игрите на среќа во Северна Македонија, без разлика дали е онлајн или со физичко присуство, останува нејасна. Иако Алијансата за Албанците пред две години достави предлог закон до Собранието за затворање на истите, од АА се лути на комисијата за буџет во Собранието што за нивниот предлог не се одлучувало на седницата. Од АА, крилото на Села, сега дел од Европскиот фронт, и денес го поддржува целосното затворање на коцкањето.

-Државната лотарија и онлајн игрите се разликуваат од казината и обложувалниците. Очекувам одма, и ние сме за затворање на онлајн игри ако може и на интернет, вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

Фари Хисени: Зошто не го направивте тоа? Нели бевте во Влада?

-Бевме во Владата, предложивме закон, но вашиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ го држеше законот блокиран во комисијата за финансирање и буџет, вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

Од друга страна, Фари Хисени од коалицијата ВРЕДИ, вели дека во моментот кога ќе помине автентичното толкување што тие го побарале за игрите на среќа, ќе бидат затворени сите коцкарски организации. Со ова не се согласува Арбен Зеќири, според кој ќе бидат затворени само двете нови фирми кои се отворени од Државната лотарија.

-Во моментот кога ќе помине автентичното толкување на законот за игри на среќа, сите овие коцкарски организации во онлајн делот автоматски се затвораат, вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

-Не, не се затвораат! – вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

-Автоматски … Македонската лотарија ќе продолжи, затворени се две фирми кои беа дополнително отворени, тоа се фирми на лотарија. Истото што го организираше македонската лотарија, вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

Која организира онлајн игри, потпишано од Артан Груби. Со лиценца добиена од вашата Влада, вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Знаете ли што значи автентично толкување? Дали сте го прочитале? – вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

Да, дефинитивно, вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Дали знаете што е автентично толкување? На овие две фирми неправедно и незаконски им биле доделени лиценци, вели Арбен Зеќири, портпарол на ЕФ.

-Од кого? Од Владата. Од кого? Кој е нејзиниот потписник? Добро, нека биде Артан Груби. Кажете го името! Кажи го името зошто се плашиш да го кажеш?

Не, не се плашиме! Кажи Артан Груби, тој е! – вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Хисени од ВРЕДИ ветува целосно затворање на казината, но етапно. Прво сакаат да ги минимизираат, а во иднина да ги затворат.

-Со автоматизам одиме така што од минимизирање доаѓаме до крајот. Дека не може сè да се затвори одеднаш, вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Новинар: Сакате да ги затворите целосно?

-Да целосно! – вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Новинар: Значи во секоја земја, па ни во хотели со пет ѕвезди, да нема игри на среќа?

Нашата цел во овој случај е да тргнеме од ова, да го минимизираме што е можно повеќе и конечно да оставиме простор за целосно затворање на казината, како најнегативна појава на нашето општество, вели Фари Хисени од ВРЕДИ.

Инаку, во текот на минатиот месец пратениците на коалицијата ВРЕДИ побараа автентично толкување на законот за коцкање, за да може да се затворат игрите на среќа, како онлајн, така и со физичко присуство.

Нивната цел беше казината да може да постојат само во хотели со пет ѕвездички и тоа надвор од населените места. На ова жестоко реагираа пратениците на Европскиот фронт, кои побараа затворање на Државната лотарија. За ова, ВРЕДИ не бараа ниту директор, ниту заменик директор.

Лотаријата сега ја води кадар на ВМРО-ДПМНЕ.