реклама

Дали војската ќе биде распоредена и пред банките? Шекеринска: Војската ќе ги обезбедува само здравствените установи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Иако беше најавено дека војската од денеска ќе биде распоредена пред здравствените објекти за одржување на редот пред Ковид центрите, министерката Радмила Шекеринска, рече дека денеска се направени само консултации со одговорните органи и Министерството за здравство и дека од утре ќе се знае точно каде ќе бидат распоредени припадниците на Армијата кои треба да помогнат во обезбедувањето на здравствените објекти.

Но, дали војската ќе биде распоредена и пред банките, каде неколку пати е апелирано дека се прави големо групирање, вршителот на должноста Директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, објасни дека станува збор за обезбедување на здравствените установи и дека никогаш немало план војската да стои пред банките.

реклама

Шекеринска исто така извести дека со барањето на Министерството за здравство, од понеделник и 12 лекари и 20 медицински сестри ќе добијат поддршка од воените тимови кои актуелно работат во здравство.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама