Даниловски: Пикот на нови случаи од ковид-19 помина на 23 јануари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека пикот на бројот на случаи од ковид-19 поминал на 23-24 јануари, додека пак на смртните случаи бил на 3-ти февруари.

„Опаѓа и бројот на хоспитализации, сето тоа зборува дека полека стивнува епидемијата на коронавирусот кај нас. Имаме еден континуиран тренд на опаѓање“, вели Даниловски.

Целото интервју ќе може да го погледнете вечерва во 19:10 минути на ТВ21