Уапсена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 дознава дека е уапсена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини соработници, како последица на загадувањето на водата во Гостивар.

Да потсетиме, во гостиварскиот регион е прогласена епидемија поради загадувањето на водата.

Надлежните информираат дека водата во моментов не е за пиење и не смее да се користи ниту за хигиена и техничка употреба.