Датумот ќе го одредат министрите за здравство – разговори за отворање на границите во регионот следната недела!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија заедно со земјите од регионот ќе одлучат за отворање на слободно минување и отворање на границите следната недела, извести министерот за здравство Венко Филипче иако здравствените власти го кажаа истото минатата недела. Директорот на Инстутутот за јавно здравје, Шабан Мемети рече дека нема да шпекулира со датуми додавајќи дека ќе одлучат сите министри за здравство од регионот.

„Неделата што доаѓа најверојатно ќе има координација меѓу министрите за здравство меѓу државите, како Северна Македонија, Косово, Грција, Црна Гора и Босна кои ќе одлулат за моделот и времето за укинување на тестовите“, истакна Шабан Мемети.

Пред два дена првиот вицепремиер на владата Артан Груби заедно со неговиот косовски колега, Бесник Тахири, предложија отворање на граничните премини и слободно движење на граѓаните без ПЦР тест.

„Границите треба да се либерализираат според примерот на Косово и Албанија кои се отворени и има вонредно движење меѓу двете земји, особено во туристичката сезона и пренесувањето на заразата со Ковид-19 од Албанија во Косово или од Косово во Албанија беше минимално“, посочи Артан Груби.

Се очекува следната недела координаторот на МЗ пред претставниците на другите земји да ја презентира состојбата со Ковид-19, и потоа треба да се договори заедничка политика за границите.

Од друга страна, СЗО рече дека новите случаи на неделно ниво со корона вирусот во Европа го надминува бројот на заразени. Само минатата недела се регистрирани 300 илјади ново заразени на стариот континент.