Даваме голем отпор низ годините – жителите на Бачишта среќни што учат на албански јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е селото Бачишта. Се претпоставува дека ова село е првото населено место во Кичево. Старите жители зборуваат на македонски јазик, но доколку им се обратиш на албански, ќе ти вратат на албански. И на пописите се декларирале како Албанци и секојпат барале да учат на албански јазик. Велат дека власта по 1947 ова право никогаш не им го овозможила и нивните деца уште од прво одделение морале да учат на македонски јазик. Во ’70-те останале многу малку жители во селото кои можат да комуницираат на албански јазик и од јазичен аспект селото почнало полека да се асимилира. Но со отпорот што го давале жителите успеале во ова школо кое е на почетокот на селото, да се учи на албански јазик. Сега учениците од прво до деветто одделение учат на албански јазик.

„Многу страдавме, имаме придонес за учењето на албански јазик, порано комунистите не ни дозволуваа да зборуваме на мајчин албански јазик, но сега со помош на селаните околу, сега учениците учат на албански јазик. Ние сме најстарите Албанци во околината на Кичево.
Тие велат дека живото сега е многу подобар од претходно, кога немале никакви услови за живот“.

„Денес е многу добро. Порано немавме ни пат ни струја, многу страдавме, сега е подобро. Ни помогна општината, ни помогнаа многу луѓе од надвор. Отидоа на печалба но има и овде.“.

Во ова село го сретнавме и овој млад човек кој вели дека младите тука имаат перспектива бидејќи нештата се смениле.

„Младите почнаа да учат на албански јазик, порано не било така, морале да учат на македонски. Мислам дека сега има перспектива за младите бидејќи ќе продолжат да го говорат албанскиот јазик.“

Селото брои над 1200 жители, половина се преселени во градот Кичево а некои се отидени на печалба. Во селото нема ниту една работилница освен неколку продавници кои ги снабдуваат селаните со најнеопходните производи а има и две кафеани.