Давкова и Вучиќ за Илинден во Прохор Пчински: „Учествуваме во создавањето на четврта Македонска република“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Македонија ги одбележува двата Илиндена. Оној на Крушевската република 1903 и на АСНОМ 1944. Во Пелинце се одржа централната манифестација на одбележување на 80 годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ, со кој беа удрени темелите на македонската државност. Во Пелинце беше државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова таа положи цвеќе пред меморијалниот центар на спомен собата на АСНОМ, а во своето обраќање порача дека европските вредности се запишани уште во основите на АСНОМ, повика да се создаде како што рече четврта македонска република која ќе се базира на вредности солидарност и правда. Рече дека очекува да се отвори патот на ЕУ за членство на државата“, јавува репортерката на ТВ21, Светлана Унковска.

„Не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука, во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република“, рече Силјановска-Давкова.

Претседателката Силјановска положи свежо цвеќе и на спомен плочата пред црвката Прохор Пчински на српската страна од границата. Таму таа беше пречекана од претседателот на Република Србија Алксандар Вучиќ. Со него имаше билатерална средба.

„Ние да ја изградиме пругата од Прешево тие 190 километри од Табановце до Гевгелија, да имаме брза конекција со Солун, брза пруга и мислам дека тоа би било од големо значење за двете страни. Разговаравме и за сите други политички прашања, од европскиот пат, проблемите со кои се соочуваме до тоа што е заедничка мака и интереси на нашите народи и земји“, истакна Вучиќ.

„Како невообичаено скандинавски односи на Балканот. Бидејќи она што го правеа Данска, Финска, Шведска за Латвија, Летонија и Естонија, еве тоа јас го почуствував овде. Ако за време на отоманската империја одел Ориент експрес денеска ние имаме сериозен проблем со железницата, а железницата е многу важна. Тоа е надлежност на Владата, меѓутоа имавме тука претставник и од Владата и мислам дека тоа е едно логично решение.“, вели Давкова.

Покрај државната делегација предводена од Силјановска, на чествувањето на 80 годишнината од АСНОМ присуствуваше Собраниска делегација претставници од државен кор, дипломатски кор, претставници на верски заедници, потоа од Сојузот на борците, како и голем број на граѓани.

„Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори −
над карпа в крв се мие
и темнината пие
cилнo
светнал
ден!“, кажа Давкова на обраќањето.