Дебар гласаше за втор круг на изборите – што очекуваат дебарчани од овие избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дебарчани денеска гласаа  за вториот круг на локалните избори, бидејќи во првиот круг ниеден од кандидатите не го обезбеди потребниот цензус за победа, а на 31 октомври се повтори гласањето на едно гласачко место. Сите гласачки места беа отворени на време в  о 7 часот изутрина. Претседателот на Комисијата на гласачкото место 0544 вели дека се се одвива без пречки и дека биометрискиот систем овој пат функционира многу добро.

„На гласачкото место во Дебар 0544/1, гласањето беше на многу добро ниво, мирно, проблеми немавме, гласањето продолжува, имаме поголем број гласачи отколку претходниот пат, така што се е во ред“, вели претседателот.

Некои од гласачите, по овие избори, очекуваат подобар живот во Дебар, но има и скептици дека нешто ќе се смени.

„Гласав, се беше во ред, кој ќе победи со него сум, немам што да правам, дај Боже само добри работи да имаме“, посочи гласач.

„Се беше во ред, гласањето течеше добро, немаше пречки, од овие избори како по обичај, ништо, ништо, се ќе оди вака, нема, џабе е“, вели гласач.

„Гласав пред 3 часа, не очекуваме ништо, ќе видиме“, додава гласач.

„Го очекуваме најдоброто, нека победи подобриот. Ни треба да се среди работата со депонијата, езерото да го уредат и водоводот, да направат втора ревизија“, вели гласач.

Општина Дебар е единствена општина во земјава во која се гласаше втор круг на локалните избори. Дебар има вкупно 19.211 гласачи.