Дебата во Клик Плус: „Нема веќе критично мислење“ – Џафери: „Груевизмот“ го заменивме со „заевизам“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од лицата кој постојано беше на прва линија за време на протестите на Шарената револуција, Замир Мемети, вели дека не жали што протестираше за да падне тогашната Влада на Груевски. Додава дека неговата цел за време на протестите не било вработувањето во државна институција, туку да има правда во земјата.

„Направени се грешки, да, направени се големи грешки. Има големи грешки. Дали се исполнети сите барања? Не, додека Никола Груевски не заврши во затвор, не може да има парола – Нема правда, нема мир.“, вели Мемети.

Новинарот Фуркан Салиу вели дека поради вработувањето на активистите кои беа дел од Шарената револуција нема критично мислење и е намалена довербата на граѓаните во НВО.

„Ти си човек со влијание зад тебе одеа многу луѓе. Сте го оштетиле цивилниот сектор и затоа сега Заев има слободен терен да направи што сака. Го поминува и Рашковски, патните исправи, ги поминува сите поради тоа што е „убиено“ критичното мислење. Нема веќе критичен глас.“, рече Салиу.

Арјанит Џафери од Еко Герила вели дека нештата не се сменети многу, бидејќи, како што вели, груевизмот е заменет со заевизам.

„Јас секој ден среќавам лица кои велат дека станува уште полошо. Ние го искорнавме груевизмот, но не го искорнавме груевизмот. Ние го заменивме со заевизам. Ова е за жалење. Има мир но нема правда, кој и да рече нека оди да зборува со семејството на Алмир.“, вели Џафери.

Активистот Ваљон Бела вели дека правниот систем не е реформиран, туку е уште полошо.

„Што се однесува до правниот систем, обвинителството, судството и сите истражни елементи, сметам дека е уште полошо од времето на Груевски. Зошто? Бидејќи доколку тогаш правниот систем делумно беше заробен, сега е 100% заробен.“, рече Бела.

Метин Мухареми, смета дека младите се пасивни и чекаат да ги вработи некоја политичка партија.

„Над 60% од младите не веруваат дека можат да влијаат во општествово, значи тоа е голема пасивност на младите. Единствениот начин за да се вработат, според нив, е преку политичка партија.“, истакна Мухареми.

Во емисијата Клик Плус исто така беше кажано дека е зголемен општествениот активизам, а доминира политичкиот опортунизам.