Тројца кандидати кои се тркаат за да управуваат со општина Липково упатија критики кон актуелниот градоначалник кој се трка за втор мандат од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, кој го обвинуваат дека направил партиски и семејни вработувања. Кандидатот на Движење Беса, Љуан Рамадани, рече дека во Липково може да се вработите само доколку си симпатизер на ДУИ.
„Непотизмот во нашата општина е голем феномен. Тоа никој не може да го негира. Не можам да тргнам со обвиненија кога нема факти… имам информации дека на одредени лица од село Отља им е даден договор за вработување без да поседуваат диплома.“, вели Рамадани.
Кандидатот на ДПА, Хевзи Јашари, рече дека сите се обврзани да бегаат од државата поради непотизмот.
„Тие се обврзани да бегаат и да отидат во странство, и наставниците и образованите луѓе бегаат во странство. Тоа е прашање кое ги засега сите граѓани.“, рече Јашари.
Кандидатот на Алијанса за Албанците, Арсим Идризи, рече дека ќе работат за економски развој и со тоа ќе се спречи миграцијата на младите.
„Слабиот економски развој, насекаде слушам дека почнуваат со вода и канализација, нормално тоа се основни нешта кои ги тангираат жителите на Липково. Јас сметам дека како главен приоритет следните четири години треба да биде економскиот развој, со тоа ќе се спречи заминувањето на младите.“, вели Арсим Идризи од Алијанса за Албанците.
Кандидатот на ДУИ и актуелниот градоначалник, Еркан Арифи, рече дека училиштата во Липково имаат најдобри услови во земјата.
„Не сме една од општините во која училиштата имаат најдобри услови, како што е средното училиште. Ниту македонските училишта немаат такви услови, како смарт таблети и кабловски систем.“, рече Арифи.
Арифи истакна вратите на општина Липково се отворени за граѓаните и ги негираше обвинувањата дека вработил членови на семејството во општина.
