-Се занимаваме со Фејсбук и дебатираме десет минути за прашања на Фејсбук кои се тотално ирелевантни за тоа кој што кажал бидејќи се работи за нас самите.
Над десет минути траеше дебатата на Клик Плус кој кого нападнал, а кој кого навредил на друштвените мрежи. Арбр Адеми од Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја оправда реакцијата на Артан Груби на Фејсбук, во која напиша навредливи зборови за првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити. Според него, таа реакција дошла по нападот за купување лајкови на Фејсбук на профилот на Артан Груби.
-Го нападнаа бидејќи г. Груби реагираше јавно. Станува збор не за да се навреди некој за бојата, потеклото, јазикот итн. Тоа се случи по нападот на профилот на Груби и профилот на ДУИ.
-Објаснете ми, го напиша ли г.Груби тоа или не?
-Верувам дека го напишал, на неговиот профил е.
-Значи го напишал.
-Да.
Според аналитичарот Бесим Хода, овие дискусии се губење време. Тој ја пренасочи дебатата во сосема друг аспект, што според него е многу поболна тема отколку да се зборува за Фејсбук. Хода рече дека пред да дојде во емисија, му се јавил поранешен војник на ОНА кој побарал храна за децата за ифтар.
-Еден војник на ОНА два часа пред да дојде на емисија ми се јави и ми ја кажа маката, од твоето место е, од Липково, ми рече дека нема леб за децата, има пет деца, за ифтар. Ако можете да ни помогнете. Што е многу поболно од она за што сега зборуваме за Фејсбук. Не сакам да му го спомнувам името, ако сакате ќе го спомнам посебно, но не сакам да го навредам на таков начин и не е прв пат да се случуваат такви работи. Не мора да плаќа струја, нема леб да си ги прехрани децата, тој е припадник на ОНА.“, рече Хода.
Но, се чини дека Адеми не беше импресиониран од тоа и почна да ги споменува достигнувањата на некои други припадници на ОНА, кои денес носат јавни функции.
-Можам да кажам и дека два часа пред емисијата, уште еден војник на ОНА кој денес е премиер, друг војник на ОНА кој сега е министер, друг кој сега е пратеник, друг кој е висок раководител во институциите и така натаму-вели Адеми.
Според аналитичарите, навредливите и погрдни зборови не треба да се совпаѓаат со вокабуларот на политичките претставници, навреди кои, како што велат, ги има и во двата албански политички блока.
