Весели дечиња, новогодишни пакетчиња и Дедо мраз кој слета со хелихоптер. Традиционално, и оваа година, децата на нашите мировници во странство го пречекаа Дедо Мраз, на тренинг центарот за пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
„Да ми донесе кукла Зои, да ми донесе меко тефтерче со маче, да ми донесе едни лампиончиња за закачување за праење, да ми бидат украсни“.
„Сакам мече“
„Brawl Stars“ играчки, зошто „Brawl Stars“ ми е омилена игра од сите игри“
Преку видеоконференциска врска се премостија километрите далечина меѓу татковината и нашите мировници во меѓународните мисии. Државниот и воениот врв упатија пораки на благодарност до припадниците на Армијата во Косово, Босна, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија. Претседателската Силјановска-Давкова со порака – Ви посакувам успешно да продолжите гордо да ја претставувате Армијата, затоа што имате што да претставите.
„Се чини дека никогаш на светот, мирот не му бил попотребен. Но се чини и дека нашата вредност, вашата вредност на мировниците, ама и на македонската Aрмија никогаш не била повидлива. Нема место каде што Вие, нашите мировници не сте рамноправно третирани“, рече Гордана Сиљановска Давкова.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски со порака, оваа средба „нѐ обединува како семејство“.
„Празничните денови не потсетуваат колку е важно да бидеме заедно. Токму затоа, иако денеска сме физички оддалечени, оваа средба има особена тежина и значење зашто не обединува како едно големо семејство. Мојата порака до вас, нашите мировници, во регионот и пошироко е Ви благодарам за вашата служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас“, рече Владо Мисајловски.
Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски е уверен дека секој од мировниците ја извршува задачата крајно професионално. Тој се заблагодари на поддршката од претседателката и министерот за одбрана.
„Јас нема да ви кажувам како треба да ја вршите вашата задача, затоа што сум уверен дека ја извршувате крајно професионално и јас стојам позади секој еден од вас“
„Знам дека некои од континентите веќе се подготвуваат да се вратат и верувам дека веќе во новата година или на самиот праг на старата година ќе имаат можност да се спојат со нивните најблиски“.
Честитки и пораки за добро здравје во новата година упатија и од нашите контингенти од мисиите во странство.
