DeepSeek, кој го престигна ChatGPT како најпопуларна апликација на Apple App Store , беше погодена од сајбер напад , поради што кинеската компанија привремено ги ограничи регистрациите на своите услуги.
На својата страница, DeepSeek вели дека почнала да го истражува проблемот и по околу два часа следење објави дека е „жртва“ на „малициозен напад од големи размери“ без да влијае на постоечките корисници кои можат нормално да се логираат. Апликацијата по неколку часа повторно почна да дозволува регистрации.
Асистентот за вештачка интелигенција се базира на големиот јазичен модел V3 кој ги исполнува или ги надминува перформансите на поголемите модели.
Апликацијата на DeepSeek е асистент за вештачка интелигенција сличен на четботот ChatGPT на OpenAI. AI Assistant се базира на големиот V3 јазичен модел за кој компанијата вели дека ги исполнува или ги надминува перформансите на поголемите OpenAI, Google и Meta модели.
Компанијата исто така го разви моделот R1 кој користи расудување за решавање на сложени проблеми и се натпреварува со моделот o1 на OpenAI. И двата модели на DeepSeek се достапни како отворен код со минимални ограничувања, за разлика од затворените модели на американските компании.
