Кичево не е украсуван за новогодишните празници уште од 2014 година. Градоначалникот, Фатмир Дехари, вели дека не го украсил бидејќи ги реализирал неопходните проекти за граѓаните.
„Кичево се украсува на најубавиот начин, во смисла на исполнување на задачите и барањата на граѓаните!“, вели Фатмир Дехари.
-Градоначалнику, го украсивте или не?
„Да, го имам украсено со реализација на проекти“.
Но, што всушност бараат и што мислат граѓаните за потребите на градот и дали Дехари навистина го „закитил“ градот со реализираните проекти? Кучињата скитници, отпадот и загадениот воздух се дел од проблемите со кои мака мачат кичевчани.
„Кичево има потреба од бања, возот не поминува веќе 2 години, а станува збор за 4 града. Сакаме да ни изгради Центар за пензионери. Го гласавме трипати, а сѐ уште немаме Центар за пензионери“.
„Многу добро е во Кичево!!!! Ништо нема, воопшто не се грижи, катастрофа е. Ништо нема, ништо!!!“
„Недостигаат сите права во Кичево, на пример, нечистотијата е под број еден. И самите гледате дека се гушиме поради загадениот воздух. Кичево е меѓу првите во светот. За гревота. Кучињата, како што кажа пријателот претходно, потоа и младите си заминаа сите со завршени факултети“.
Во однос на кучињата скитници и отпадот, проблем на кој се пожалија жителите, Дехари во синоќешната емисија рече дека се издвоени 650 илјади евра за менаџирање со отпадот, а бездомните кучиња, како што рече сега за сега само се третираат. Вети дека во текот на овој мандат ќе изнајде решение за двата проблема.
