„Дел од лекарите се преморени, граѓаните може да помогнат со одговорно однесување“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека дел од лекарите се преморени, а упати и апел до граѓаните дека со одговорното однесување може многу да им помогнат.

„Горд сум на здравствените работници. Се престроија за нешто за кое никогаш не беа спремни, ниту здравствениот систем кај нас не бил подготвуван да одговори на еден ваков предизвик“, истакна Филипче.