Дефект кај местото наречено Лешница од каде се снабдува со вода Тетово, е причина дел од градот да остане без вода повеќе од 48 часа. Од ЈКП Тетово во соопштение за граѓаните велат дека дефект е главната цевка и дека од денска започнале со рестрикција.
„Поради сериозен дефект кој настана на линијата во Лешница, градските резервоари бележат драстичен пад на вода во просек од 150 литри во секунда. Со цел рамноправно снабдување со вода за пиење на сите критични точки го градот, ве известуваме дека од денес (среда) 24.02.2021 ЈКП-Тетово, е принудено да почне со рестрикција на водата за пиење и тоа од 08:30 до 11:30, попладне од 15:00 до 18:00, и по полноќ од 00:000 до 05:00 часот“, велат од Јавното комунално претпријатие Тетово.
За немањето вода повеќе од 48 часа реагираа и од Еко Герила велејќи дека дозволата за изградба на хидрометри на местото наречено Лешница, предизвикала илјадници граѓани да останат без вода за пиење.
„Честите дефекти во тукушто изградената мрежа во Лешница остана сериозни сомнежи околу квалитетот на градбата, каде многу граѓани изгубија доверба во сериозноста на активностите што ги спроведува или нарачува општина Тетово. Потребна е истражна комисија од независни експерти да направат увид околу тоа како е изградена оваа мрежа и дали ги задоволува потребните стандарди и параметри за нормално функционирање и редовно снабдување со вода за градот Тетово“, велат од Еко Герила.
Анкетиравме и неколку граѓани, тие велат дека немаат вода и дека не знаат каде е проблемот бидејќи како што велат тие, ова се случува често.
„Обично имаме, но деновиве немаме. Ќе дојде, па потоа ќе снема, а народот треба да ја плаќа водата..“
„Немаме вода од синоќа. Дојдов дома, но веќе немаше. Земав неколку шишиња, наполнив, но не само јас, туку и во Дреновец каде што поминува линијата…“
„Се излева во реката, затоа нема. Никој не го решава тоа“.
Тетово има мрежа стара над 80 години, па поради тоа често доаѓа до оштетување на главните цевки. Но овојпат станува збор за дефект на водоводниот систем изграден пред само неколку години, систем кој тетовци ги чинеше милиони евра од нивните такси и над 20 години чекање.
