Дел од центарот на Брисел затворен поради дојава за бомба во Големата синагога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од улицата „Ру де ла Реженс“ во центарот на Брисел беше затворен рано утрово по закана со бомба кон Големата синагога, соопштија локалните власти.

Според полицијата, предупредувањето е примена кратко по шест часот, по што веднаш е воспоставен безбедносен периметар околу синагогата, пишува „Бруселс тајмс“.

Улицата беше затворена во двата правци, а сообраќајот беше пренасочен по алтернативни патишта, што предизвика големи прекини во утринскиот сообраќај.