Хургада во Египет, Малдивите, Дубаи, Истанбул, Кападокија, Златибор се дестинациите каде дел од жените од земјава ќе го прослават 8-ми март и кои ги нудат туристичките агенции. Ниедна од агенциите не може да се пофали со успешна осмомартовска реализација на аранжманите како претходните години. Но, тоа не значи дека воопшто не се патува. Променет е начинот на патување.
-Оваа година нема организација на осмомартовски патувања, на начин на кој тоа се правело во минатото кога имало повеќе автобуски програми, авионски програми, генерално се патувало во група, затворени или класични туристички групи. Така беше до пред почетокот на пандемијата, но оваа година од јасни причини не може да биде така. Тоа не значи дека нема инетерес за патување, но начинот на патување малку се менува. Поинтересни за патување се индивидуалните, на потопли места и подалечни места-рече Андреј Сирачевски, сопственик на туристичка агенција.
Но, некои туристички агенции има конкретни понуди за 8-ми март, за Истанбул со организиран превоз. За сите овие дестинации потребен е негативен ПЦР тест за влез. Егзотичните места, потоплите дестинации се посебно примамливи, а еве и зошто:
-Би ги издвоил Египет-Хургада, има пријатна клима во моментов, можат да се бањаат и условите се многу примамливи. Има доста добри цени. Малдивските острови една ака полуксузна дестинација која што порано можеби била поскапа и понедостапна за луѓетоп, сега веќе е подостапна, Дубаи. Тоа се дестинации каде луѓето можат да ужуваат покрај плажа на отворено, без многу мешање-вели Сирачевски.
Деновиве според информации од Институтот за јавно здравје зголемен е и бројот на пријавени за тестирање.
Да се надеваме дека оваа година нема да се повтори минатогодишниот 8-ми март кога голем број жени се вратија позитивни од патувања, во Шпанија, Италија, Франција и други земји. Или пак, неодамнешната кога македонски туристи се вратија позитивни од Занзибар. Имајќи предвид дека сега знаеме како да се заштитиме и познати се симптомите. Но, колку можеме да се изолираме од новите соеви при патувања тоа допрва ќе видиме .
