Деловска: Одбив да работам предмет во кој човек за долг од 200 денари, требаше да плати околу 30.000 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Комората на извршители Весна Деловска, во Бизнис21 на ТВ21 кажа пример во кој граѓанин за долг од 200 евра, му се насобрал предмет и треба да плати околу 500 евра.

„Човекот сите сметки си ги плаќал со задоцнуваање од некои 10-15 дена, и сега ангажиран е адвокат за секоја сметка поединечно, главниот долг е 37 денари, и покренати се 5 нотарски постапки, и имаме плаќање пет адвокати, и требаше пет предмети да заведам. За секој предмет ќе требаше да плати по 100 евра, значи околу 500 евра, а вкупно беа неплатени некои 200 денари“, рече Деловска, и додава:

„Граѓаните да разберат дека системот во кој ние работиме е висок стручен кадар, дали тој ќе го прави налогот за 37 денари или за 370.000 денари, работата е еднаква“, вели Деловска.