Делта сојот на корона вирусот или како што е познат поинаку, како индиски сој, веќе пристигна во регионот. Министерот за здравство, Венко Филипче најавува дека во Комисијата за заразни болести ќе се дискутира дали има потреба од рестриктивни мерки за спречување на ширењето на овој сој од вирусот во Северна Македонија.
Министерот за внатрешни работи во Хрватска вели дека ќе се држиме до слоганот за туристите, дека од близу се набљудува состојбата со делта сојот.
„Следиме се што се случува со делта сојот кој може да дојде од Велика Британија. Вие знаете дека сме туристичка земја и сакаме нашите туристи да се чувствуваат безбедно и ја имаме паролата Биди безбеден во Хрватска, и затоа сакаме да му останеме верни на тој слоган, и затоа и направивме листа со граѓани кои се вакцинирани во туристичките земји“, истакна Гордан Грлиќ.
Според изјава на ИЈЗ во Англија, бројот на случаи со делта вирусот е пораснат на 50,824 од минатата недела со вкупна бројка од 161, 981 граѓанин. Ова значи пораст од 46%. Др. Џени Хариес, извршен директор на Институтот рече дека случаите во целото Обединето Кралство и натаму растат и важно е да бидеме внимателни. Португалија беше една од првите земји на ЕУ која ги врати рестрикциите заради заканата ма Делта сојот. Владата најави дека ќе воведе полициски час од 23 до 5 часот наутро.
