Демонстрантите ја опколија Белата куќа, Трамп евакуиран во бункер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Агентите на тајната служба наводно го евакуирале американскиот претседател Доналд Трамп во бункер, за време на протестите околу Белата куќа, јавува „Тајм“.

Трамп наводно минал еден час во бункерот, изјавил за овој магазин извор кој сакал да остане анонимен.

Посебен бункер има под Белата куќа за да може претседателот и неговите соработници да се евакуираат во случај на терористички напад или случај сличен на вонредна ситуација.

Засега нема коментар од Белата куќа.

Протестите во Америка се поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд. Најмалку три лица загинаа во Индијанополис за време на протестите.